Terms and Conditions

Terms and Conditions

Услови за користење на EasyControl на Bosch

Последен пат изменето на: (1.8.2017 година)

Ова се услови за користење на EasyControl („услови“).

Член 1 – Дефиниции

Bosch Thermotechnik GmbH („Bosch“) обезбедува: софтвер што може да се преземе на паметниот телефон, таблетот или на паметниот часовник на клиентот („EasyControl App“), веб-портал со детални информации за производите EasyControl, вклучително и упатство за работа и видеозаписи („веб-страница EasyControl“), услуги до кои се пристапува преку EasyControl App и веб-страницата EasyControl („услуги EasyControl“), за употреба со паметниот термостат што го испорачува Bosch („EasyControl“), во неговата најнова верзија што е составена од хардвер („производ“) и однапред инсталиран фирмвер („фирмвер EasyControl“).

EasyControl е паметен термостат со разни функции преку кои купувачот може да ги контролира греењето, вентилацијата и системот за климатизација („систем HVAC“) и да ги следи и да управува со нивоата на потрошувачката на енергија.

Поимот „купувач“ во овие услови се однесува на секое лице или субјект што пристапува или ги користи EasyControl и поврзаните со него EasyControl App, веб-страницата EasyControl и EasyControl Services.

Поимот „додатни алатки“ во овие услови се однесува на производите што може да се поврзат со EasyControl и да функционираат заедно со него. Додатните алатки содржат производи што ги нуди Bosch.

Поимот „производи од трети страни“ во овие услови се однесува на производи или на услуги што ги обезбедува трета страна, а кои може да се поврзат со EasyControl и да функционираат со него. Овие производи не ги обезбедува Bosch.

Поимот „сертификати EasyControl“ во овие услови се однесува на сертификатите што се неопходни за поврзување на услугите EasyControl или на производи од трети страни со EasyControl.

Член 2 – Применливост

Со пристапување до или со користење на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и/или услугите EasyControl, купувачот се согласува да биде обврзан со овие услови. Ако купувачот не се согласува со условите, тој нема да биде во можност да го користи EasyControl во комбинација со додатните алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl, услугите EasyControl и производите од трета страна.

Купувањето на EasyControl е предмет на условите за гаранција на Bosch (достапна на веб-страницата EasyControl, https://www.bosch-easycontrol.com ) и може да подлежи на специфични услови на продажба.

За додатните алатки и за производите од трети страни може да се применуваат дополнителни услови што содржат специфични одредби во врска со овие релевантни додатни алатки и производи од трети страни.

Каква било невалидност на една или на повеќе одредби од овие услови не влијае врз валидноста на преостанатите одредби.

Член 3 – Право на користење и пристап

Bosch му дава на купувачот неексклузивно, непреносливо право на пристап и на употреба на EasyControl и на додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl (без право на давање подлиценца). Цело време сопственик нa EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl останува Bosch. Каква било друга употреба на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl надвор од целта за која се ставени на располагање (вклучително и собирање на податоците или други интеракции во однос на податоци, давање услуги на трети страни) е забранета, освен ако Bosch недвосмислено не се изјаснил поинаку.

Купувачот нема да поддржува или да помага обратен инженеринг, расклопување, модифицирање или да изведува какви било деривативни производи или функции од EasyControl и додатните алатки што се поврзани со него, од EasyControl App, веб-страницата EasyControl и од услугите EasyControl.

Купувачот ќе обезбеди хардверот и конфигурацијата на средината (оперативен систем, компатибилни системи и паметни уреди, интернет-пристап и достапност преку постојан и стабилен Wi-Fi итн.) за примена на EasyControl и на додатните алатки поврзани со него, на EasyControl App, на веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl да бидат така како што е утврдено од Bosch и според информациите што се достапни на веб-страницата EasyControl и во прирачникот на EasyControl.

Без тоа да е во спротивност со одредбите за заштита на приватноста и до степен до кој податоците на купувачот не се во сопственост на Bosch, секој купувач му дава на Bosch, автоматски и без натамошни формалности, неограничено, неексклузивно, бесплатно право со важност низ целиот свет, кое е преносливо и е без тантиеми, за користење на сите податоци или други елементи што ги генерираат или ги користат EasyControl, додатните алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl, а да се користат за каква било цел.

Достапноста на EasyControl за продажба, поддршка и за пристап до неговите додатни алатки, на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl е ограничена на државите што се наведени на веб-страницата EasyControl („држави“). Купувачот прифаќа дека надвор од државите пристапот до и употребата на EasyControl и на неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl може да биде недостапен, ограничен или лимитиран. Купувачот е одговорен за усогласеност со релевантните закони во државата во која се пристапува или се користат EasyControl и неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl.

Bosch нема никаква одговорност за евентуална штета или загуба предизвикана со пристапување или со користење на EasyControl и на неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl надвор од некоја од државите.

Купувачот ќе го обесштети Bosch за последиците од евентуална повреда на овие услови од купувачот.

Член 4 – Барања на системот

Купувачот е одговорен да обезбеди сите барања на системот што се утврдени во прирачникот на EasyControl и во неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и во услугите EasyControl да бидат достапни и правилно конфигурирани. Меѓу другото, на локацијата каде што се инсталира EasyControl треба да бидат достапни приклучок за широкопојасен интернет со доволна ширина на опсег и Wi-Fi мрежа за работа и комуникација со EasyControl.

Купувачот прифаќа мобилниот уред да биде достапен и компатибилен со барањата на системот за соодветен пристап и користење на додатните алатки EasyControl, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl. Исто така, за некои услуги EasyControl може да се бара пристап до дополнителни функции на мобилниот уред (на пример, GPS- локација за геолокација на услугите EasyControl итн.). Овие барања се опишани и достапни на веб-страницата EasyControl.

Член 5 – Следење на енергијата

Податоците собрани со EasyControl и EasyControl App за потрошувачка на гориво (гас, масло ...) и/или електрична енергија на уредот служат само за цели на укажување и во ниеден случај не се гарантирани од Bosch. Реалната потрошувачка на гасот или на електричната енергија може да варира во зависност од купувачот и од средината. Од можните отстапувања (над и под) не може да произлезат никакви права.

Купувачот нема да ги користи податоците за потрошувачката што се достапни во EasyControl и во неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и во услугите EasyControl за оспорување на фактурите за потрошена енергија издадени од испорачувачот на енергија или од мрежниот администратор или како алтернативна мерка во однос на мерењето на потрошената енергија со броило.

Потенцијалните заштеди на енергија што се добиени со користење на EasyControl или на неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl зависат од голем број фактори на животната средина за кои Bosch не може да биде одговорен. Купувачот се согласува да не бара никаква компензација од Bosch во случај да не се постигнат очекуваните заштеди.

Член 6 – Одговорност за пристап

Купувачот е одговорен да обезбеди само купувачот и/или лица што ќе ги овласти купувачот да имаат пристап и/или да ги користат EasyControl или неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl. Купувачот ќе ги чува сертификатите на EasyControl во тајност цело време. Ако постои каква било загриженост дека неовластени трети страни дознале или ќе дознаат информации за сертификатите за EasyControl или ако купувачот дознал за каков било нелегален, непрописен, недоговорен или друг неовластен пристап или користење на EasyControl и на додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl или на услугите EasyControl, тој мора веднаш да го извести Bosch. Список на контакти на Bosch е достапен на веб-страницата EasyControl.

Купувачот има целосна одговорност за каква било употреба и/или друга активност поврзана со EasyControl и со додатните алатки поврзани со него, EasyControl App или услугите EasyControl што се користат со примена на сертификатите за EasyControl.

Купувачот е одговорен за каква било загуба предизвикана од неовластена употреба од трети страни, освен кога за неа е виновен купувачот.

The Customer is liable for any loss caused by unauthorized use by third parties, unless the Customer is not to blame.

Член 7 – Производи од трети страни

Bosch може да му обезбеди на купувачот можност да го поврзе EasyControl за еден или за повеќе производи од трети страни што не ги поседува или контролира. Употребата на производи од трети страни од купувачот е регулирана со сопствени услови за користење или за политики за заштита на приватноста на таа трета страна. Bosch го поттикнува купувачот да ги прочита условите и политиката за заштита на приватноста што се применуваат за користењето на производите од трети страни пред нивното поврзување со EasyControl.

Исто така, пред поврзување на EasyControl со еден или со повеќе производи од трети страни купувачот прифаќа да се регистрира за кориснички налог („налот на Bosch”) за EasyControl App или за веб-страницата EasyControl и да ги даде сите неопходни и точни информации што се бараат во процесот на регистрација. Ако таквите податоци се сменат во текот на користењето, купувачот треба веднаш ќе ги измени податоците. Bosch управува со налогот на Bosch и го одржува.

Купувачот може да одлучи да го поврзе EasyControl за еден или за повеќе производи од трети страни и може во секое време да ја отповика таа конекција. Со отповикувањето на пристапот нема да биде можно производи од трети страни да се користат со EasyControl, EasyControl App и со услугите EasyControl.

Купувачот е согласен да ги сподели неопходните податоци за да овозможи поврзување на EasyControl со производите од трети страни. Овие податоци може да ги вклучат личните податоци на купувачот и сертификатите за EasyControl.

Откако горенаведените информации се споделени со трета страна, тие ќе бидат опфатени со политиката за заштита на приватноста на третата страна и повеќе нема да спаѓаат во опсегот на изјавата за заштита на приватноста на Bosch.

Купувачот се согласува дека Bosch не дава никакви гаранции или заштита во однос на користењето на производи од трети страни во комбинација со EasyControl и со додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и со услугите EasyControl. Користењето на производи од трети страни е одговорност и ризик на купувачот и подлежи на условите што ги применуваат предметните трети страни. Bosch не е одговорен за користење на производи од трети страни од купувачот и, според тоа, исклучена е секоја одговорност за штета што произлегува од користењето на производите од трети страни.

Купувачот ќе контактира со испорачувачот на производите од трети страни директно, освен ако Bosch не нуди поддршка за конкретниот производ, во однос на евентуални прашања за него или ако постои проблем во врска со функционирањето на производите од трети страни.

Член 8 – Ажурирања

Bosch може да изврши ажурирање на софтверот („ажурирање“) на фирмверот EasyControl или на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl за да изврши подобрувања на производот и на услугите (исправки на грешки, употребливост, стабилност и исправки на перформанси, надградба на карактеристики итн.).

Купувачот се согласува дека Bosch може да инсталира ажурирање автоматски, без претходно известување и без претходна дозвола од купувачот.

Во случај да не е можно ажурирање, Bosch не може да обезбеди исправно користење или целосна функционалност на EasyControl и на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl.

Член 9 – Измена на условите

Bosch може да ги измени и/или да ги дополни овие услови во секое време и да објави нова верзија што е применлива за купувачот преку известување за измена во EasyControl App.

Во случај купувачот да ги прифати измените на условите ќе се смета дека измените се ефективно договорени.

Во случај на приговор Bosch го задржува правото да го раскине односот со правата за користење. Известувањето за измените содржи упатување на правото на купувачот на приговор и на последиците од него.

Известувањето за измената ќе биде објавено на EasyControl App, a изменетите услови ќе бидат објавени на EasyControl App и на веб-страницата.

Член 10 – Раскинување

Условите ќе останат во сила во периодот во кој купувачот пристапува или ги користи EasyControl и додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl или додека Bosch не гo прекине или одложи давањето услуги.

Bosch може да ги прекине или привремено да ги одложи правата на пристап или на користење на купувачот во случај купувачот да ги повредил условите.

По раскинувањето купувачот ќе престане да пристапува или да ги користи додатните алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl.

Пристапот и користењето на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl може да бидат прекинати од Bosch во секое време, со давање на разумен отказен период.

Член 11 – Одговорност и ограничување на користењето и на пристапот

Функционирањето на EasyControl и на неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl зависи од голем број фактори на средината (на пример, од производи или од услуги од трети страни, пристап до интернет, исправно функционирање на мрежата Wi-Fi или на другите системи и мрежи за комуникација), што е надвор од одговорноста на Bosch и, според тоа, нивното користење не е наменето за критични апликации во реално време. Според тоа, EasyControl и неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl се испорачуваат без гаранција во однос на трајноста или квалитетот на нивната функционалност.

Bosch не презема одговорност за каква било штета или загуба (на пример, на податоци) што се предизвикани од дефекти и/или од одложен пристап и/или од немање пристап до или од EasyControl и неговите додатни алатки, EasyControl Apps, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl.

Пристапот до EasyControl и неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl може да биде привремено ограничен или одложен, меѓу другите причини и поради потреба за одржување, поправки или безбедносни надградби. Во такви случаи купувачот нема право на какво било обесштетување. Bosch не дава изречна гаранција за времето на правилно функционирање на опремата.

Во ниеден случај Bosch нема да биде одговорен за деловна, последична и/или индиректна штета, вклучително без ограничување профит и загуба на приход, загуба на поврат на средства и нематеријална штета на купувачот. Bosch нема да биде одговорен за каква било штета што може да му се припише на дејствувањето или на недејствувањето од купувачот или од трета страна што е ангажирана од купувачот.

Без тоа да биде на штета на горенаведеното, одговорноста на Bosch во сите случаи е ограничена на првобитната набавна цена на производите – или ако тоа е помалку – на износот што е покриен со осигурувањето од одговорност на Bosch и платен во конкретниот случај.

Побарувањата во согласност со законите за одговорност за квалитетот на производите остануваат во сила.

Исто така, Bosch не презема одговорност за штета што ја претрпел купувачот сè додека таа штета е резултат на следново:

  • - Купувачот не ги користи EasyControl и додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl во согласност со нивната природа и очекувана цел;
  • - Купувачот не се придржува до водичот за брзо монтирање и до упатството за користење што се доставени, како и до други упатства што се достапни во EasyControl App и на веб-страницата EasyControl;
  • - Купувачот или друга страна што не е Bosch или трети страни ангажирани од Bosch врши измени, поправки, преместување и/или проверки на EasyControl и на додатните алатки;
  • - Купувачот предизвикува штета во врска со загубата, уништувањето или неможноста за користење на податоците што се чуваат дигитално или електромагнетски или се пренесуваат;
  • - Купувачот предизвикува штета, во нејзина најширока смисла, кога ги инсталира или ги користи EasyControl и додатните алатки, освен ако штетата е предизвикана поради крајно невнимание или намерно од Bosch или од трета страна поврзана со Bosch.
  • - Купувачот или која било друга страна предизвикале штета поради краток спој, оштетување од вода, удар од гром, оштетувања од пожар/чад, прекин на електрична енергија, интерференции во телекомуникациските врски и сите други причини што не може да му се припишат на Bosch или не претставуваат ризик од Bosch.

Член 12 – Интелектуална сопственост

Сите права на интелектуална сопственост (вклучително и авторски права, права на софтвер, права на бази на податоци, патенти, стручно знаење, основни алгоритми, заштитни знаци, логоа, трговски имиња и други комерцијални идентификатори, како и други слични права, вклучително регистрација, барања, обновувања за целиот свет) за EasyControl и неговите додатни алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и услугите EasyControl им припаѓаат на Bosch. Ова важи и за сите измени или за изведените производи на EasyControl.

Одредени компоненти на EasyControl App вклучуваат софтвер со отворен код што може да биде сопственост на трета страна („софтвер со отворен код“). Употребата на софтверот со отворен код е регулирана со условите според кои софтверот со отворен код станал достапен. Овие услови не се применуваат за користење на софтверот со отворен код.

Член 13 – Приватност

Изјавата на Bosch за заштита на приватноста е достапна за консултации на EasyControl App и на веб-страницата и се применува и на овие услови. Во изјавата за заштита на приватноста се објаснува како Bosch постапува со податоците на купувачот во EasyControl и во додатните алатки поврзани со него, во EasyControl App, на веб-страницата EasyControl и во услугите EasyControl.

Купувачот се согласува со изјавата за заштита на приватноста на Bosch со самото пристапување или користење на EasyControl и на додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl.

Во случај на противречности овие услови ќе преовладеат над условите од изјавата за заштита на приватноста на Bosch.

Член 14 – Рекламации и услуги

За прашања или интерес во врска со условите, EasyControl, додатните алатки, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и со услугите EasyControl, информациите за контакт се достапни во EasyControl App и на веб-страницата.

Ако купувачот е потрошувач, тој/таа има право да поднесе рекламација на онлајн-страницата за решавање на спорови (Online Dispute Resolution Site) на Европската комисија преку http://ec.europa.eu/consumers/odr/ . Меѓутоа, Bosch нема да учествува во решавањето на рекламацијата преку тело за решавање спорови.

Купувачот треба да има на ум дека Bosch може само да даде поддршка во однос на прашањата, нефункционирањето и/или проблемите што се однесуваат на пристапот и на користењето на EasyControl и на додатните алатки поврзани со него, EasyControl App, веб-страницата EasyControl и на услугите EasyControl. Сите други производи што не ги обезбедува Bosch, како што се уреди за греење (ако не се испорачани од Bosch), производи или услуги од трети страни што ги обезбедува трета страна (на пример, услуги за пренос на податоци што ги обезбедува провајдерот на интернет-услугата) се исклучени.

Услугата за поддршка може за резултат да има дополнителни трошоци за купувачот. Информации за дополнителни трошоци може да се најдат на веб-страницата EasyControl.

Член 15 – Право и избор на суд

Според овие услови и сите обврски меѓу Bosch и купувачот, се применува правото на Холандија, со исклучок на Холандскиот меѓународен граѓански законик, освен ако не е поинаку утврдено со локален задолжителен закон. Применливоста на Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на стоки (CISG Виена, 11 април 1980 година) експлицитно е исклучена.

Ако купувачот е компанија, сите спорови што се однесуваат или произлегуваат или се во врска со условите или со употребата на EasyControl App, веб-страницата EasyControl и/или услугите EasyControl ќе бидат поднесени исклучително пред надлежен суд во Германија. Меѓутоа, Bosch, исто така, го задржува правото да ги предаде споровите пред суд што има правна надлежност во местото на живеење на купувачот.